РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Documentos relacionados
РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА

Број февруари 2015, вторник година LXXI

ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Водич низ комуналните услуги на Град Скопје

П О В И К за доделување грантови

ШПАНИЈА (КОСТА БРАВА) - 7 ДЕНА

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 2014 ГОДИНА. Потрошувачка на лекови на рецепт од Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗОМ во примарната здравствена заштита

Број април 2017, понеделник година LXXIII

POLICY REPORT. Анализа на локалните програми за енергетска ефикасност во Македонија состојби, предизвици, решенија. Analytica Thinking Laboratory

Фонд за здравствено осигурување

Фонд за здравствено осигурување

АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ Б И Л Т Е Н С К О П Ј Е. ноември 2011 ГОДИНА

КАЛАБРИЈА ЛЕТО 2017.

СКОПЈЕ ПО. бр / , 078/ , 072/ Скопје. 02/ /

Dokumenti za nastaven cas po angliski jazik vo III oddelenie na tema Zivotni Nastavnik. Nastavnik Ljubica Ruzinska

П Р И Р А Ч Н И К ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ ПРОЦЕДУРИ ВО УПРАВНА ПОСТАПКА ВО ОБЛАСТА НА УРБАНИЗМОТ

ФИНАНСИСКИ ПЛАН НА ФОНДОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕПОЗИТИ ЗА 2014 ГОДИНА

ИНФОРМАТОР #26. МЕД македонско еколошко друштво. Состанок на членовите на Собранието на МЕД. март 2015

МЕД македонско еколошко друштво ИНФОРМАТОР #32. Август - декември 2016

Skopje, april 2010 godina OSIGURITELEN BILTEN NA R.MAKEDONIJA 2009 GODINA

УНИВЕРЗИТЕТСКИ БИЛТЕН

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ Зоран Панов. Македонска 01. Датум на раѓање. Пол. Редовен професор

Фонд за здравствено осигурување

Македонска берза АД Скопје ФАКТИ ЗА КОТИРАНИТЕ КОМПАНИИ

Фискалните давачки како извор за финансирање на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија -Магистерски труд-

Годишна средба на членовите на МЕД

(Анекс 1) Објава за тендер. Датум на објава на тендерот: година Краен датум на доставување на понудите:

Предговор. Прирачници за човекови права на Советот на Европа

LIEBHERR 9400 VOLVO L110H HYNDAI HR 30T VÖGELE SUPER 2003 TRELLEX LS RANGE MST 644 SECMAIR CEPIA MANN+HUMMEL И WIX DAF XF

ИНФОРМАТОР #31. МЕД македонско еколошко друштво. Мај - јули 2016

Хорхе Луис Борхес ИЗВЕШТАЈОТ НА БРОДИ

ESPAD (European School Survey Project on Alcohol and Other Drugs) е истражување кое се

ХУРГАДА БИСЕРОТ НА ЦРВЕНОТО МОРЕ (НОЕВМРИ, ДЕКЕМВРИ, ЈАНУАРИ, ФЕВРУАРИ) СО АВИОН ОД СКОПЈЕ

СКОПЈЕ БАРСЕЛОНА КОСТА БРАВА

Хорхе Луис Борхес КНИГА ЗА ИЗМИСЛЕНИТЕ СУШТЕСТВА

Охрид-Преспа - прв Биосферен резерват во Македонија!

VA 1-WC DC. Publisher / Manufacturer Berghauser Str.40 D Remscheid Telefon Telefax

The Right Tool at the Right Time. Bтиснувачи. Метрички асортиман

299. Среда, 24 мај 1950 БЕЛГРАД БРОЈ 37 ГОД. VI

Брошура за студирање во странство - Шпанија

Савет Агенције за енергетику Републике Србије, на 273. седници од 11. септембра године, донео је ОДЛУКУ

ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕВРЕИ ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ (XV XVII ВЕК)

ENGINEERING. За ЕЛ ТЕ Инженеринг Д.О.О. Скопје

ЕМИЛ МИЛЕВ ЦЕНТАРОТ ЗА ОБУКА НА АМЕРИТ ПОЧНА СО ОБУКИТЕ ВО НОВИТЕ ПРОСТОРИИ ЦЕМТ-ОВИТЕ ЗА 2017 ГОДИНА ОД ЈАНУАРИ ТРГНУВААТ ВО ЕВРОПА!

Хорхе Луис Борхес УНИВЕРЗАЛНА ИСТОРИЈА НА НЕЧЕСНОСТА

Ана Витанова Рингачева. Легендата како палимпсест во две поетски рожби на Блаже Конески (Херменевтички пристап)

ИПА 2 и Националниот стратегиски документ

ЕЛ ТЕ Инженеринг страна 1 од 33

Софтвер за анализа на тахографските податоци

Work Manager Mechanisms Visitor Accessories Cabinets Security Safes Coat Racks Materials CATALOGUE

Наслов оригинала Lecciones de poesía para niños inquietos Luis García Montero. copyright Luis García Montero

STORY-BOX ЕВРОПСКА ПРИКАЗНА! EUROPE (H)AS A STORY!

Запознајте го Кристијано Роналдо

Синдер & Ела. Кели Орам

Апликативно решение за успешно работење Верзија 1.3 Верзија на упатство (БЕТА) Поинт Плус, 2006

СКРИПTA ПРИМЕНА НА ИКТ ВО НАСТАВАТА ПО ГЕОГРАФИЈА - авторизирани предавања за интерна употреба-

Odgovorno lice vo dru{tvo. бр.118 Кочани Димитар Велински 033/

МЕД во Македонија Бул АСНОМ , 1000 Скопје тел

Odgovorno lice vo dru{tvo. Христо Пајаковски. Оливера Андревска / Надица Ѓурковска

ХРОНИЧНА БУБРЕЖНА ИНСУФИЦИЕНЦИЈА. -водење и приказ на случај

B r o j n W W W. C A T. C O M. Заб стар години. Серво управување во новиот Д6К. Хидраулични багери, минато, сегашност и иднина

Снај пе ри. Фото: Мортен Андерсен

Задолжително приложете го оригиналниот добитен тикет од акцијата Втора кеш шанса при исплата на каса.

МО ГЛА БИХ ТО БИ ТИ ЈА

11. децембар Број 109 7

НА ЦИ О НАЛ НА КОН ТРОЛ НА ЛИ СТА НА О РУ ЖА ЊА И ВОЈ НЕ ОПРЕ МЕ

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА КАТЕДРАТА ЗА РОМАНСКИ ЈАЗИЦИ И КНИЖЕВНОСТИ

Причините за настанувањето на цервикален синдром можат да бидат најразлични.

Сигурен поглед во иднината Секогаш во чекор со технологијата и модерната стоматологија

ИЗДАВАЧКА КУЌА САКАМ КНИГИ Местото каде ќе дознаеш што навистина вреди да се прочита...

ANEKSI, IZMENE, DOPUNE... DOKLE?

II FORMACIÓN DE LAS PALABRAS

NIVEL INTERMEDIO 1 (B1.1)

Завод за проучавање културног развитка

ИМЕ, ПРЕЗИМЕ И ФАМИЛИЯ:... ПРОГРАМА:...

ЛИЧ НО ИМЕ ДЕ ТЕ ТА У СРП СКОМ М Е ЂУ Н А РОД НОМ П РИ ВАТ НОМ П РА ВУ

Фрижидер Hladilnik Hladnjak Šaldytuvas Ledusskapis Frigorífico Frigorífico RSSA290M21W

ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК

У РИМ СКОМ ПРА ВУ ( I M PE T R A T IO DO M I N I I) 1

ИЗМЕНЕ И ДОПУНЕ КОНКУРСНЕ ДОКУМЕНТАЦИЈЕ ЗА ЈАВНУ НАБАВКУ ДОБАРА Набавка рачунара и рачунарске опреме

ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК

ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК

ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК

Регионален натпревар по физика за учениците од основните училишта (конечни резултати)

ИСТИ НИ ТЕ ЛА ЖИ МА РИ ЈА ВАР ГА СА ЉО СЕ

С А Д Р Ж А Ј. Одлука о рас пи си ва њу из бо ра за од бор ни ке скуп шти на оп шти на Пре ше во, Ми о ни ца, Не го тин и Пе ћин ци 3

МИНИСТЕРСТВО НА ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА. ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК 28 август 2015 г. ВАРИАНТ 2

МИНИСТЕРСТВО НА ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК 23 май 2018 г. ВАРИАНТ 1 МОДУЛ 1 (време за работа: 60 мин.

56 Број март 2016.

//Гласник ВЕЛИКА ПОВЕЉА НЕМАЧКОЈ ЛЕКАРСКОЈ КОМОРИ ОСЛОНАЦ ЗДРАВСТВЕНЕ ПОЛИТИКЕ У СРБИЈИ ИНТЕРВЈУ СВЕЧАНОСТ ПОВОДОМ УРУЧИВАЊА ПРИЗНАЊА ЛКС:

МИНИСТЕРСТВО НА ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК 30 август 2016 г. ВАРИАНТ 2

новогодишњој ноћи, на Градском тргу у Старој Пазови, за грађане општине и бројне госте / Sremska Mitrovica, Kuzminska 9

20 година Новина Београдског читалишта. Библиотека града Београда на 56. Mеђународном сајму књига Да буде СРБ.ИНтернет у библиотеци Јован Дучић

МИНИСТЕРСТВО НА ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК. 29 август 2017 г. ВАРИАНТ 1 МОДУЛ 1 (време за работа: 60 мин.

МИНИСТЕРСТВО НА ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК. 20 май 2016 г. ВАРИАНТ 1

МИНИСТЕРСТВО НА ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК. 22 май 2017 г. ВАРИАНТ 2 МОДУЛ 1 (време за работа: 60 мин.

Transcripción:

РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СООПШТЕНИЕ РКЕ ги донесе решенијата за нови тарифи за водни услуги за регулираниот период 2018-2020 година Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека, врз основа на надлежностите определени со Законот за утврдување на цени на водните услуги, како и процедурите предвидени со Правилникот за начинот и постапката за утврдување на тарифа за водна услуга и на регулаторна тарифа за водна услуга, Методологијата за определување на тарифите за водна услуга и Упатството за подготовка на барањето за утврдување на тарифа за водна услуга, постапи по Барањата за утврдување на тарифа за водна услуга поднесени од 37 даватели на водни услуги на подрачја со над 10.000 еквивалент жители од сите 8 плански региони во Република Македонија, и донесе соодветни Решенија за определување на тарифите за водни услуги за регулираниот период 2018-2020 година. Регулаторната комисија за енергетика со овие Решенија утврди просечни тарифи за вршење на водните услуги, како и минимален и максимален опсег изразен во проценти во кој давателот на водната услуга може да донесе Одлука за утврдување на тарифи, која понатаму треба да биде дадена до основачот на давателот на водната услуга на согласност. Основачи на давателите на водните услуги на кои се однесуваат решенијата за утврдување на тарифи се градоначалниците, односно општините, градот Скопје, како и Владата на РМ, соодветно, што значи дека крајната одлука за висината на тарифите ќе биде на општините, градот Скопје и Владата на РМ, соодветно на водната услуга. Согласно утврдениот опсег, утврдени се максимални и минимални просечни тарифи. Минималните просечни тарифи ги покриваат оперативните трошоци, амортизацијата на сопствените основни средства и цената на долгорочните долгови на претпријатијата, додека пак максималните просечни тарифи ги покриваат оперативните трошоци, амортизацијата на сопствените основни средства и амортизацијата на бесплатно добиените основни средства, средствата за ликвидност, како и приносот на регулираните основни средства. Утврдените тарифи од страна на Регулаторната комисија за енергетика, согласно Методологијата се просечни тарифи, што значи дека давателите на водни услуги, во утврдените рамки, сами ќе ја определат висината на тарифите по категориите на корисници - домаќинства и останати. Регулаторната комисија за енергетика, при утврдување на просечните тарифи за водни услуги имаше во предвид цената на водната услуга да не го надминува прагот на достапност, одреден на ниво од 3% од просекот на вкупниот приход по домаќинство во подрачјето во кое се обезбедува водната услуга. Цената на водната услуга ги вклучува тарифата за водната услуга, надоместоците поврзани со користење на водите утврдени со Законот за водите или со друг закон, како и даноците утврдени со закон. Ул. Македонија бр. 25, палата Лазар Поп-Трајков - 6 ти спрат 1000 Скопје, Република Македонија Централа 02 3233-580 Факс: 02 2556 004 / 02 3233-586 www.erc.org.mk e-mail: erc@erc.org.mk

Во продолжение следи кратка анализа на барањата на давателите на водни услуги за минимална просечна тарифа и решенијата на РКЕ за минимална просечна тарифа, во однос на постојните тарифи на водните услуги, во сите 8 плански региони во Република Македонија. Во Скопскиот плански регион се опфатени ЈП Водовод и канализација Скопје и ЈКП Водовод Илинден. Согласно барањата на ЈП Водовод и канализација Скопје, минималните просечни тарифи за води за 2018 година се помали во просек за 1,82% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие две водни услуги се намалуваат за 2,68% во однос на постојните тарифи. Водната услуга прочистување на отпадни води ќе се воведе за прв пат во 2018 година, при што согласно нивното барање минималната просечна тарифа за оваа услуга изнесува 2,05 ден/м 3, додека со Решението на РКЕ минималната просечна тарифа за оваа водна услуга е утврдена да изнесува 2,04 ден/м 3. Согласно барањата на ЈКП Водовод Илинден, минималните просечни тарифи за снабдување година се помали во просек за 7,76% од постојните тарифи, додека со Решенијата на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие две водни услуги се намалуваат за 12,20% во однос на постојните тарифи. Водната услуга прочистување на отпадни води ќе се воведе за прв пат во 2018 година, при што согласно нивното барање минималната просечна тарифа за оваа услуга изнесува 7,58 ден/м 3, додека со Решението на РКЕ минималната просечна тарифа за оваа водна услуга е утврдена да изнесува 7,58 ден/м 3. Во Источниот плански регион се опфатени АД Водостопанство Подружница Берово, ЈКП Услуга Берово, ЈКП Солидарност Виница, ЈКП Комуналец Кочани, ЈКП Никола Карев Пробиштип и ЈПХС Злетовица Пробиштип. Согласно барањето на АД Водостопанство Подружница Берово, минималната просечна тарифа за снабдување со сурова вода за пиење наменета за водоснабдување на населението за 2018 година е поголема во просек за 0,58% од постојната тарифа, додека со Решението на РКЕ минималната просечна одобрена тарифа за оваа водна услуга се намалува за 1,09% во однос на постојната тарифа. Согласно барањата на ЈКП Услуга Берово, минималните просечни тарифи за снабдување со вода за пиење или водоснабдување и собирање и одведување на урбани отпадни води за 2018 година се поголеми во просек за 14,91% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие две водни услуги се намалуваат за 6,34% во однос на постојните тарифи. Наплата за услугата прочистување на отпадни води ќе се воведе за прв пат во 2018 година, при што согласно барањето на ЈКП Услуга Берово минималната просечна тарифа за оваа услуга изнесува 13,49 ден/м 3, додека со Решението на РКЕ минималната просечна тарифа за оваа водна услуга е утврдена да изнесува 12,55 ден/м 3. Согласно барањата на ЈКП Солидарност Виница, минималните просечни тарифи за води за 2018 година се поголеми во просек за 30,38% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие две водни услуги се намалуваат за 1,28% во однос на постојните тарифи. Согласно барањата на ЈКП Водовод Кочани, минималните просечни тарифи за снабдување година се поголеми во просек за 2,96% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие две водни услуги се намалуваат за 24,24% во однос на постојните тарифи. После завршувањето на изградбата на пречистителната станица, кое се очекува да заврши во 2018 година, ЈКП Водовод Кочани ќе наплатува и тарифа за водната услуга 2

прочистување на отпадни води, при што согласно нивното барање минималната просечна тарифа за оваа услуга изнесува 17,67 ден/м 3, додека со Решението на РКЕ минималната просечна тарифа за оваа водна услуга е утврдена да изнесува 12,21 ден/м 3. Согласно барањата на ЈКП Никола Карев Пробиштип, минималните просечни тарифи за води за 2018 година се поголеми во просек за 23,07% од постојните тарифи, додека со Решението 0,34% во однос на постојните тарифи. Согласно пресметките на ЈПХС Злетовица Пробиштип, минималната просечна тарифа за снабдување со сурова вода за пиење наменета за водоснабдување на населението за 2018 година е поголема во просек за 499.94% од постојната тарифа, додека со Решението на РКЕ минималната просечна одобрена тарифа за оваа водна услуга се зголемува за 4,75% во однос на постојната тарифа. Во Југоисточниот плански регион се опфатени ЈПКД Огражден Босилово, ЈКПД Комуналец Гевгелија, ЈКП Комуналец Струмица, ЈКП Плаваја Радовиш и АД Водостопанство Струмичко поле. Согласно барањето на ЈПКД Огражден Босилово, минималната просечна тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување за 2018 година се намалува во просек за 26,05% од постојната просечна тарифи, додека со Решението на РКЕ минималната просечна одобрена тарифа за оваа водна услуга се намалува за 26,58% во однос на постојната тарифа. Согласно барањата на ЈКПД Комуналец Гевгелија, минималните просечни тарифи за води за 2018 година се помали во просек за 4,78% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие две водни услуги се намалуваат за 15,97% во однос на постојните тарифи. Водната услуга прочистување на отпадни води ќе се воведе за прв пат во 2018 година, при што согласно нивното барање минималната просечна тарифа за оваа услуга изнесува 7,14 ден/м 3, додека со Решението на РКЕ минималната просечна тарифа за оваа водна услуга е утврдена да изнесува 7,14 ден/м 3. Согласно барањата на ЈКП Комуналец Струмица, минималните просечни тарифи за води за 2018 година се поголеми во просек за 10,69% од постојните тарифи, додека со Решението 8,1% во однос на постојните тарифи. Водната услуга прочистување на отпадни води ќе се воведе за прв пат во 2018 година, при што согласно нивното барање минималната просечна тарифа за оваа услуга изнесува 15,71 ден/м 3, додека со Решението на РКЕ минималната просечна тарифа за оваа водна услуга е утврдена да изнесува 6,33 ден/м 3. Согласно барањата на ЈКП Плаваја Радовиш, минималните просечни тарифи за снабдување година се поголеми во просек за 8,75% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие две водни услуги се зголемуваат за 7,65% во однос на постојните тарифи. Водната услуга прочистување на отпадни води ќе се воведе за прв пат во 2018 година, при што согласно нивното барање минималната просечна тарифа за оваа услуга изнесува 21,20 ден/м 3, додека со Решението на РКЕ минималната просечна тарифа за оваа водна услуга е утврдена да изнесува 13,34 ден/м 3. Согласно барањето на АД Водостопанство Струмичко поле, минималната просечна тарифа за водната услуга снабдување со сурова вода наменета за водоснабдување на населението за 2018 година е поголема во просек за 24,66% од постојната тарифа, додека со Решението на РКЕ минималната просечна одобрена тарифа за оваа водна услуга се намалува за 18,95% во однос на постојната тарифа. 3

Во Североисточниот плански регион се опфатени АД Водостопанство Подружница Кумановско-Липковско Поле и ЈП Водовод Куманово. Согласно барањата на ЈП Водовод Куманово, минималните просечни тарифи за снабдување со вода за пиење или водоснабдување, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води за 2018 година се поголеми во просек за 11,24% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие три водни услуги се зголемуваат за 7,57% во однос на постојните тарифи. Согласно барањето на АД Водостопанство Подружница Кумановско-Липковско Поле, минималната просечна тарифа за водната услуга снабдување со сурова вода наменета за водоснабдување на населението за 2018 година е поголема во просек за 9,33% од постојната тарифа, додека со Решението на РКЕ минималната просечна одобрена тарифа за оваа водна услуга се намалува за 30,33% во однос на постојната тарифа. Во Пелагонискиот плански регион се опфатени ЈП Стрежево Битола, ЈП Водовод Битола, ЈКП Нискоградба Битола, ЈП Долнени, ЈП Водовод и Канализација Прилеп и ЈКП Пролетер Ресен. Согласно барањето на ЈП Стрежево Битола, минималната просечна тарифа за водната услуга снабдување со сурова вода наменета за водоснабдување на населението за 2018 година е поголема во просек за 107,92% од постојната тарифа, додека со Решението на РКЕ минималната просечна одобрена тарифа за оваа водна услуга се зголемува за 12,30% во однос на постојната тарифа. Согласно барањето на ЈП Водовод Битола, минималната просечна тарифа за водната услуга снабдување со вода за пиење или водоснабдување за 2018 година е поголема во просек за 5,17% од постојната тарифа, додека со Решението на РКЕ минималната просечна одобрена тарифа за оваа водна услуга се зголемува за 5,66% во однос на постојната тарифа. Согласно барањата на ЈКП Нискоградба Битола, минималните просечни тарифи за собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води за 2018 година се помали во просек за 10,86% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие две водни услуги се намалуваат за 12,54% во однос на постојните тарифи. Согласно барањето на ЈП Долнени, минималната просечна тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување за 2018 година се намалува во просек за 3,57% од постојната просечна тарифи, додека со Решението на РКЕ минималната просечна одобрена тарифа за оваа водна услуга се намалува за 13,63% во однос на постојната тарифа. Согласно барањата на ЈП Водовод и канализација Прилеп, минималните просечни тарифи за води за 2018 година се поголеми во просек за 12,08% од постојните тарифи, додека со Решението 2,17% во однос на постојните тарифи. Водната услуга прочистување на отпадни води ќе се воведе за прв пат во 2020 година, при што согласно нивното барање минималната просечна тарифа за оваа услуга изнесува 7,15 ден/м 3, додека со Решението на РКЕ минималната просечна тарифа за оваа водна услуга е утврдена да изнесува 7,15 ден/м 3. Согласно барањата на ЈКП Пролетер Ресен, минималните просечни тарифи за снабдување со вода за пиење или водоснабдување, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води за 2018 година се поголеми во просек за 35,60% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие три водни услуги се зголемуваат за 13,88% во однос на постојните тарифи. 4

Во Вардарскиот плански регион се опфатени ЈКП Дервен Велес, ЈКП Комуналец Кавадарци, ЈКП Комуналец Неготино и ЈКП Комуналец Свети Николе, како и ЈКП Лисиче Велес. Согласно барањата на ЈКП Дервен Велес, минималните просечни тарифи за снабдување со вода за пиење или водоснабдување и собирање и одведување на урбани отпадни води за 2018 година се поголеми во просек за 10,83% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие две водни услуги се зголемуваат за 0,75% во однос на постојните тарифи. Согласно барањето на ЈКП Лисиче Велес, минималната просечна тарифа за водната услуга снабдување со сурова вода наменета за водоснабдување на населението за 2018 година е поголемa во просек за 41,78% од постојната тарифа, додека со Решението на РКЕ минималната просечна одобрена тарифа за оваа водна услуга се зголемува за 4,69% во однос на постојната тарифа. Согласно барањата на ЈКП Комуналец Кавадарци, минималните просечни тарифи за води за 2018 година се помали во просек за 7,42% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие две водни услуги се намалуваат за 8,54% во однос на постојните тарифи. Согласно барањата на ЈКП Комуналец Неготино, минималните просечни тарифи за води за 2018 година се поголеми во просек за 16,7% од постојните тарифи, додека со Решението 3,37% во однос на постојните тарифи. Согласно барањата на ЈКП Комуналец Свети Николе, минималните просечни тарифи за води за 2018 година се поголеми во просек за 7,73% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие две водни услуги се намалуваат за 1,37% во однос на постојните тарифи. Во Југозападниот плански регион се опфатени ЈКП Стандард Дебар, МЈП Проаква Струга, МЈП Проаква Охрид, ЈП Нискоградба Охрид, ЈКП Комуналец Кичево и ЈП Студенчица Кичево. Согласно барањата на ЈКП Стандард Дебар, минималните просечни тарифи за снабдување година се помали во просек за 7,08% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие две водни услуги се намалуваат за 9,99% во однос на постојните тарифи. Согласно барањата на МЈП Проаква Струга, минималните просечни тарифи за снабдување со вода за пиење или водоснабдување, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води за 2018 година се поголеми во просек за 44,93% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие три водни услуги се зголемуваат за 24,01% во однос на постојните тарифи. Согласно барањата на МЈП Проаква Охрид, минималните просечни тарифи за снабдување со вода за пиење или водоснабдување и прочистување на отпадни води за 2018 година се поголеми во просек за 42.96% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие две водни услуги се зголемуваат за 22,01% во однос на постојните тарифи. Согласно барањето на ЈП Нискоградба Охрид, минималната просечна тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води за 2018 година е поголема во просек за 2,18% од постојната тарифа, додека со Решението на РКЕ минималната просечна одобрена тарифа за оваа водна услуга се намалува за 6,03% во однос на постојната тарифа. 5

Согласно барањата на ЈКП Комуналец Кичево, минималните просечни тарифи за снабдување година се поголеми во просек за 11,37% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие две водни услуги се зголемуваат за 10,81% во однос на постојните тарифи. Водната услуга прочистување на отпадни води ќе се воведе за прв пат во 2018 година, при што согласно нивното барање минималната просечна тарифа за оваа услуга изнесува 20,15 ден/м 3, додека со Решението на РКЕ минималната просечна тарифа за оваа водна услуга е утврдена да изнесува 13,08 ден/м 3. Согласно барањето на ЈП Студенчица Кичево, минималната просечна тарифа за водната услуга снабдување со сурова вода наменета за водоснабдување на населението за 2018 година е поголема во просек за 29,54% од постојната тарифа, додека со Решението на РКЕ минималната просечна одобрена тарифа за оваа водна услуга се намалува за 0,62% во однос на постојната тарифа. Во Полошкиот плански регион се опфатени ОЈП Вардар Брвеница, ЈКП Врапчишта, ЈКП Комуналец Гостивар, ЈПКД Одржување Желино и ЈКП Тетово. Согласно барањето на ОЈП Вардар Брвеница, минималната просечна тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување за 2018 година е поголема во просек за 16,04% од постојната тарифа, додека со Решението на РКЕ минималната просечна одобрена тарифа за оваа водна услуга се зголемува за 9,43%. Водната услуга собирање и одведување на урбани отпадни води ќе се воведе за прв пат во 2018 година, при што согласно нивното барање минималната просечна тарифа за оваа услуга изнесува 10,26 ден/м3, додека со Решението на РКЕ минималната просечна тарифа за оваа водна услуга е утврдена да изнесува 3,58 ден/м3. Согласно барањето на ЈКП Врапчиште, минималната просечна тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување за 2018 година е поголема во просек за 9,66% од постојната тарифа, додека со Решението на РКЕ минималната просечна одобрена тарифа за оваа водна услуга се намалува за 2,07%. Водната услуга собирање и одведување на урбани отпадни води ќе се воведе за прв пат во 2018 година, при што согласно нивното барање минималната просечна тарифа за оваа услуга изнесува 10,59 ден/м3, додека со Решението на РКЕ минималната просечна тарифа за оваа водна услуга е утврдена да изнесува 10,59 ден/м3. Согласно барањата на ЈКП Комуналец Гостивар, минималните просечни тарифи за води за 2018 година се помали во просек за 2,55% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие две водни услуги се намалуваат за 26,71% во однос на постојните тарифи. Согласно барањата на ЈПКД Одржување Желино, минималните просечни тарифи за води за 2018 година се поголеми во просек за 83,29% од постојните тарифи, додека со Решението 35,06% во однос на постојните тарифи. Согласно барањата на ЈКП Тетово, минималните просечни тарифи за снабдување со вода за пиење или водоснабдување и собирање и одведување на урбани отпадни води за 2018 година се помали во просек за 13,22% од постојните тарифи, додека со Решението на РКЕ минималните просечни одобрени тарифи за овие две водни услуги се намалуваат за 20,10% во однос на постојните тарифи. РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА 6