ЕМИЛ МИЛЕВ ЦЕНТАРОТ ЗА ОБУКА НА АМЕРИТ ПОЧНА СО ОБУКИТЕ ВО НОВИТЕ ПРОСТОРИИ ЦЕМТ-ОВИТЕ ЗА 2017 ГОДИНА ОД ЈАНУАРИ ТРГНУВААТ ВО ЕВРОПА!

Documentos relacionados
ШПАНИЈА (КОСТА БРАВА) - 7 ДЕНА

МИНИСТЕРСТВО НА ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК. 30 август 2013 г. ВАРИАНТ 2

МИНИСТЕРСТВО НА ОБРАЗОВАНИЕТО, МЛАДЕЖТА И НАУКАТА. ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК 28 май 2012 г. ВАРИАНТ 1

МИНИСТЕРСТВО НА ОБРАЗОВАНИЕТО, МЛАДЕЖТА И НАУКАТА. ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК 23 май 2012 г. ВАРИАНТ 1

ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК

МИНИСТЕРСТВО НА ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА. ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК 23 май 2014 г. ВАРИАНТ 1

МИНИСТЕРСТВО НА ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК. 29 август 2014 г. ВАРИАНТ 1

МИНИСТЕРСТВО НА ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА ДЪРЖАВЕН ЗРЕЛОСТЕН ИЗПИТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК 22 май 2015 г. ВАРИАНТ 1

Curso básico de búlgaro para papás españoles

NIVEL INTERMEDIO 1 (B1.1)

ПРИМЕРЕН ТЕСТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК Равнище B2

PEQUEÑA GUÍA DE CONVERSACIÓN multimedia

ТЕСТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК Равнище B1 ИНСТРУКЦИЯ ЗА РАБОТА С ТЕСТА:

Operador Móvil Prepago

Redko_IM-5r_P_5esp_(035-10)_C.indd :35:18

TRABAJANDO CON DARÍO EN EL AULA E/LE: UN ACERCAMIENTO AL POETA A TRAVÉS DE SUS TEXTOS.

Вил Хил Билтен Бр

CURSO COMPLETO DE AUTOAPRENDIZAJE RUSO

SALA CONSEJO A. AC HOTEL CUZCO Pº de la Castellana, Madrid Tel SUPERFICIE Y CAPACIDAD AREA AND CAPACITY

SALA CONSEJO A. AC HOTEL GRAN CANARIA Eduardo Benot, Las Palmas T

PAXgene Blood RNA Tube


Рекомендовано Міністерством освіти і науки України (Наказ МОН України від ) Видано за рахунок державних коштів.

Introducción «Chaque langue est un système rigoureusement agencé, où tout se tient» Adentrémonos en la gramática española La autora

Институт международных исследований МГИМО Университет

Mafia rusa en España? Русская мафия в Испании?

МИНИСТЕРСТВО НА ОБРАЗОВАНИЕТО, МЛАДЕЖТА И НАУКАТА ЦЕНТЪР ЗА КОНТРОЛ И ОЦЕНКА НА КАЧЕСТВОТО НА УЧИЛИЩНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

NIVEL DE APTITUD (С1)

Wireless G Desktop Adapter DWA-610

Wireless N Day/Night Internet Camera TV-IP551WI. ŸQuick Installation Guide (1)

Student Health and Human Services ATTENDANCE POLICY AND PROCEDURES MANUAL APPENDIX L-2a

Network Cable Tester TC-NT2

consulting engineering realizing technology

... para Gente ESPECIAL.... for SPECIAL People. для ОСОБЫХ людей

Quick Installation Guide

Curso para hispanohablantes. Copyright 2013 Ruso Sin Fronteras CAPITULO 1

Quick Installation Guide DFE-520TX 10/100Mbps Ethernet PCI Adapter

Тесты по испанскому языку 7-8 класс. Вариант 1

JBL SCL-3 JBL. SCL-4 Altavoces murales empotrados MANUAL DEL PROPIETARIO Y EL INSTALADOR

МИНИСТЕРСТВО НА ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА ЦЕНТЪР ЗА КОНТРОЛ И ОЦЕНКА НА КАЧЕСТВОТО НА УЧИЛИЩНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ТЕСТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК ЗА VII КЛАС

CIM 500 Ethernet module

МИНИСТЕРСТВО НА ОБРАЗОВАНИЕТО, МЛАДЕЖТА И НАУКАТА ЦЕНТЪР ЗА КОНТРОЛ И ОЦЕНКА НА КАЧЕСТВОТО НА УЧИЛИЩНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

OPEL ADAM. Manual de Instrucciones

DESERT ADVENTURE COURSE DU DÉSERT

OPPORTUNITIES TO OVERCOME THE DOWNTURN. Copatrocinado por / Co-financed by OPPORTUNITIES TO OVERCOME THE DOWNTURN

ASPECTOS A TENER EN CUENTA A LA HORA DE ENSEÑAR EL ESPAÑOL A LOS ALUMNOS RUSOS

HYUNDAI IX KIA SPORTAGE 2010

SALA BANQUETES. AC HOTEL COSLADA AEROPUERTO C/ Rejas, Madrid T SUPERFICIE Y CAPACIDAD AREA AND CAPACITY

Вил Хил Петок Конечен тип

Здоровье и здоровы й образ жизни

344 Diario Oficial de la Unión Europea

Quick Installation Guide Wireless N Exterior Access Point

DS 3000T Gen2. SSD Cache. * SSD Cache x. SSD Cache. SSD Cache (IOPS)

INSTRUCCIONES GRUNDFOS SQ, SQE. Instrucciones de instalación y funcionamiento

OBJETIVOS Y CONTENIDOS NIVEL BÁSICO 1. Los contenidos del curso pretenden conseguir el desarrollo paralelo de las siguientes competencias:

Quick Installation Guide

ŀrussian Dexway - Level 2 Descripción

DOS MANERAS DE VIAJAR AL PASADO. ESTUDIO COMPARATIVO DE LA EXPRESIÓN DEL PASADO EN RUSO Y ESPAÑOL

El modernismo búlgaro en el contexto del modernismo europeo: su tipología y rasgos específicos nacionales

ÓÄÊ 076(3) ÁÁÊ

EXPEDICIÓN DESCUBRIMIENTO DEL PACÍFICO 500 AÑOS. Travesía en solitario desde florida a panamá a bordo de una embarcación de 3m de eslora

Las afecciones de la Iglesia terrenal o Pese a la enseñanza de Jesucristo

Министерство образования Российской федерации Ростовский Государственный Университет

ENTIDADES COLABORADORAS: Ministerio de Educación y Ciencia de Bulgaria. Universidad Americana de Bulgaria

Pneumatic Conveying System for Dry Premixed Building Materials. Sistema de transporte neumdtico para materiales de construcdon premezclados

PARA CLUSTER TURÍSTICO DEL DESTINO PUERTO PLATA REPÚBLICA DOMINICANA

QUICK INSTALLATION GUIDE

Всероссийская олимпиада школьников по испанскому языку

Вступительное испытание по испанскому языку. Правильные ответы размещены на последней странице теста

Almacenamiento Doméstico en Red Simplemente Comparta, Almacene y haga Streaming

Newsletter. Charles McGee, who concluded our evening with his story. It was great to see so many students and families.

Información importante que posiblemente necesite antes de presentar su declaración de impuestos de {TAX YEAR}

LiveWell (HMO) Evidencia de cobertura

CHAPTER : Chapter III. Privileges and Immunities, Diplomatic and Consular Relations, etc.

WIRELESS 108G ROUTER DIR-400

Blogósfera en Rusia Elena Igorevna Dityatkina

WIRELESS G ROUTER DIR-300. Quick Installation Guide+ Руководство по быстрой установке+ Guía de instalación+ Guia de Instalação+

MATERNIDAD Y LACTANCIA NATURAL:

СВЯЗИ С ОБЩЕСТВЕННОСТЬЮ И ФУТБОЛ В ИСПАНИИ. КОРПОРАТИВНЫЕ КОММУНИКАЦИИ ВЕДУЩИХ КАТАЛОНСКИХ ФУТБОЛЬНЫХ КЛУБОВ «BARСELONA» И «ESPANYOL»

ПРОГРАМА фахового вступного випробування з іспанської та англійської мов

KM EXTRA PED. 97 / 23 / CE cat. II FW2

Comunicaciones e informaciones

Институт международных исследований МГИМО Университет

BE-870LM vehicle CCTV monitor

Тест по испанскому языку для 8 класса

ВСЕРОССИЙСКАЯ ОЛИМПИАДА ШКОЛЬНИКОВ ПО ИСПАНСКОМУ ЯЗЫКУ уч. г. ШКОЛЬНЫЙ ЭТАП. 7 8 КЛАССЫ. Письменный тур Аудирование

Рекомендовано кафедрой романо-германской филологии Казанского (Приволжского) федерального университета (протокол 6 от )

Apunte sociolingüístico sobre la elección del español como lengua adquirida Выбор испанского языка в качестве изучаемого: социолингвистический подход

SbD. S13E37: спасению. Lorenzo Martínez R.

Wireless G Desktop Adapter DWA-510

ENGANCHES ARAGON JEEP WRANGLER 2007

TEG-S16g/TEG-S24g. TEG-S16g / TEG-S24g

UNA MARCA UN PROVEEDOR UN SISTEMA

Análisis de Difusión en la Red

Shielding, jelly filling and sheathing lines Lineas de proteccion, reiieno у cublerta

ла ко ш эй Вы Правообладатель "Вышэйшая школа"

El catalán balear y el movimiento de gonellismo Балеарский вариант каталанского языка и движение «гонельизмо»

Enrutador inalámbrico 3G Mobile. TEW-716BRG Guía de instalación rápida (1)

МИНИСТЕРСТВО НА ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА ЦЕНТЪР ЗА КОНТРОЛ И ОЦЕНКА НА КАЧЕСТВОТО НА УЧИЛИЩНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ТЕСТ ПО ИСПАНСКИ ЕЗИК ЗА VII КЛАС

Revisión web de watchsale8.ru

Transcripción:

ИНТЕРВЈУ ISSN 1857-7962 БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК број 133 декември 2016 www.amerit.org.mk ИНФОРМАТИВЕН И ЕДУКАТИВЕН МЕСЕЧНИК ЕМИЛ МИЛЕВ Управител на СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ НАШАТА УЛОГА, НО И ЦЕЛ Е ДА ГО ОЛЕСНУВАМЕ РАБОТЕЊЕТО НА ТРАНСПОРТЕРИТЕ АКТУЕЛНО Во неодамна отворениот деловен објект во Момин Поток ЦЕНТАРОТ ЗА ОБУКА НА АМЕРИТ ПОЧНА СО ОБУКИТЕ ВО НОВИТЕ ПРОСТОРИИ ТЕМА НА БРОЈОТ Распределени се најпосакуваните транспортни дозволи за превоз на стока ЦЕМТ-ОВИТЕ ЗА 2017 ГОДИНА ОД ЈАНУАРИ ТРГНУВААТ ВО ЕВРОПА!

Направете промена лесно! Заменете ја еуровињетата со апарат за патарина од 01 Април 2016 со ДКВ. Регистрацијата започнува: 1.10.2015! Нов апарат за патарини за камиони со дозволена тежина над 3.5тони ќе ја замени еуровињетата во Белгија од 1 Април 2016. Вашиот специјалист за патарина ДКВ ќе обезбеди промената на апаратот и фактурирањето да се одвиваат лесно, со одлична услуга и најдобри услови. За подетални информации видете на www.dkv-euroservice.com ул. 1506 бр. 22, Момин Поток, 1000 Скопје, Република Македонија Тел: +389 (0)2 32 98 967, Факс: +389 (0)2 32 98 968, Е-mail: amerit@amerit.org.mk АМЕРИТ Бул. Партизански одреди бр. 17/4, 1000 Скопје Tel.: +389 2 3298 967, факс. +389 2 3298 968, E-mail: amerit@amerit.org.mk

РЕЗЕРВАЦИJА НА ТРАЕКТ, ТУНЕЛ, МОСТ, ВОЗ ПРЕВОЗ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ Tел: 02 32 98 967 e-mail: traekt@amerit.org.mk www.traekt.mk

ОНАМУ КАДЕ ШТО СТЕ ВИЕ. НА НОВА ЛОКАЦИЈА! MakedonijaSoobrakajAMERIT ул. 1506 бр.22, Момин Поток, 1000 Скопје тел: 02/ 32 98 967 www.amerit.org.mk

Промотивна понуда 149.900,00* денари + ДДВ Фотографијата на резервните делови е илустративна и не мора да одговара на правиот дел * Цената важи доколку сетовите се вградуваат во овластениот MAN сервис во Скопје MAN оригинални сетови за ремонт на мотор D20 (Euro5, Euro4, Euro3) Понудата важи од 01.09.2016 до 31.12.2016 MAN kann.

СОДРЖИНА ДЕКЕМВРИ 2016 АКТУЕЛНО ТЕМА НА БРОЈОТ ИНТЕРВЈУ 8 9 13 Во неодамна отворениот деловен објект во Момин Поток Распределени се најпосакуваните транспортни дозволи за превоз на стока Емил Милев Управител на СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ Центарот за обука на АМЕРИТ почна со обуките во новите простории ЦЕМТ-овите за 2017 година од јануари тргнуваат во Европа! Нашата улога, но и цел е да го олеснуваме работењето на транспортерите 12 АКТУЕЛНО И во декемвриските протести кај јужниот сосед Македонските стоки се повторно заглавени на грчките пристаништа 17 При возење во зима Листа на најголеми грешки што возачот треба да ги коригира 18 СВЕТ Од неколку ЕУ членки Најави за тужби против Германија поради патарините за странци 19 ЕКОЛОГИЈА Поради енормните загадувања Четири светски метрополи ќе ги забранат дизел-возилата 19 И Скопје со повеќе екомерки во сообраќајот 20 ЦАРИНА Согласно со планот за развој на Царинската управа на Македонија Граничниот премин Табановце се надградува 21 Со цел унапредување на работењето Работна средба на Царината со шпедитерските компании во Гевгелија 22 МЕТРОПОЛА Со комплетното воведување на електронската наплата во јавниот градски превоз Од 1 јануари ќе нема автобуски трки по скопските улици 24 МЕРИДИЈАНИ Најдоцна до крајот на јануари Номинација на возачи за почесната Гранд При награда на честа на ИРУ 26 БЕЗБЕДНОСТ На јавниот повик од РСБСП Граѓаните со повеќе предлози за подобрување на безбедноста во сообраќајот 28 ТРАНСПОРТ И ВРСКИ Со истовремена реализација на неколку делници Се комплетира патната мрежа во источниот дел на Македонија 30 АВТОБУСИ Mercedes-Benz Conecto Свртен кон исток со поглед кон запад 32 ПРИКЛУЧНИ ВОЗИЛА Fliegl Twin Приколка што штеди Адреса: бул. Партизански одреди 17/4, 1000 Скопје ул. 1506 бр.22, Момин Поток, 1000 Скопје Телефон: 02 32 98 967, Факс: 02 32 98 968 e-mail: amerit@amerit.org.mk Web: www.amerit.org.mk Facebook: MakedonijaSoobrakajAMERIT жиро-сметка: 320100023724261 Депонент: Централна кооперативна банка АД Издава: СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ Подготвува и уредува: Здружение за комуникација со јавноста Контакти - Скопје Дизајн и печатење: Експресив графикс, Скопје www.expressivegraphics.com Лектура: Матилда Саздова Даночен број: 4030000394212 ТЕКСТОВИТЕ И ФОТОГРАФИИТЕ НЕ СЕ ВРАЌААТ 6

ЗА ЕДИНСТВЕНИОТ ВАЖЕН БИЗНИС ВАШИОТ! Совршенството е неограничено. Тоа го знаеме од памтивек. Познати сме по својата посветеност за подобрување и постојано поместување на границите. Нашите решенија се приспособени на Вашиот бизнис со само една цел зголемување на вкупната економија на работење и подобрување на профитот на Вашата компанија. Секој камион се користи на различен начин така што и сервисирањето треба да се разгледува поединечно. Со новата услуга и со флексибилниот план за одржување, ќе се погрижиме за Вашиот камион така како што треба. Врз основа на нашето искуство, знаење и добиените информации, ќе подготвиме план за одржување на Вашето возило, и ако биде потребно, ќе го приспособуваме на начин на кој се менува и Вашиот бизнис. Откријте ја новата генерација на Scania камиони и услуги, креирани да бидат во согласност со Вашиот бизнис. За повеќе информации посетете ја веб-страницата www.scania.com Сканиа Македонија ДООЕЛ ул. 34 бр.7, Илинден, 1000 Скопје, Македонија тел: +389 70 31 15 06 I e-mail: info@scania.mk

АКТУЕЛНО Во неодамна отворениот деловен објект во Момин Поток 8 ЦЕНТАРОТ ЗА ОБУКА НА АМЕРИТ ПОЧНА СО ОБУКИТЕ ВО НОВИТЕ ПРОСТОРИИ Новите и модерни простории на Центарот за обука на АМЕРИТ се посебно дизајнирани за да ги задоволат потребите на сѐ поголемиот број возачи, кои ги посетуваат обуките во оваа нова организациона единица на асоцијацијата Центарот за обука при СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ во декември започна со изведувањето обуки за транспортерите и во новите простории на неодамна отворениот нов деловен објект, лоциран во близина на скопската населба Момин Поток. Дел од новиот објект (кој беше пуштен во употреба на 23 ноември) се и новите, модерни простории на овој Центар за обука на АМЕРИТ, кои беа посебно дизајнирани за да ги задоволат потребите на сѐ поголемиот број возачи, кои ги посетуваат обуките во оваа нова организациона единица на најстарата транспортна асоцијација во Република Македонија. Во нив, на 19 декември се одржа првата обука, а во деновите што следуваа беа одржани две обуки за употреба на тахографи, потоа една обука за АДР-возачи и по една обука за возачи вклучени во меѓународниот транспорт и за управителите на транспортните компании. Познато е дека голем дел од овие обуки се поврзани со законската обврска за доостручување на менаџери, возачи и други транспортни кадри, со цел стекнување на сертификати за професионална компетентност, кои се неопходни во меѓународниот патен транспорт. Притоа, кандидатите, кои ги посетуваа овие обуки во новите простории во Момин Поток имаа можност да ги искористат сите предности на новиот училишен центар на АМЕРИТ, како: удобност, пространост, користење на симулатор за тахографи, на современи аудио-визуелни уреди, изведување практични вежби и обезбеден паркинг за возилата. Обуката ја вршат инструкторите на АМЕРИТ, кои се акредитирани од страна на Академијата на ИРУ (специјализирана и усогласена со CЕМТ-Повелбата за квалитет на меѓународниот патен транспорт во Европа), како и од страна на Министерството за транспорт на Република Македонија. Во следната година, обуките овде ќе бидат значително подобрени и унапредени со симулаторот за камион, на кој и практично ќе може да се обучуваат возачите на товарни возила што е практика и во повеќето држави членки на Европската Унија. Ј.С.Б.

ТЕМА НА БРОЈОТ Распределени се најпосакуваните транспортни дозволи за превоз на стока ЦЕМТ-ОВИТЕ ЗА 2017 ГОДИНА ОД ЈАНУАРИ ТРГНУВААТ ВО ЕВРОПА! За 2017 година нашата земја има на располагање и неодамна беа распределени вкупно 1.534 годишни ЦЕМТ-дозволи, од кои 670 за возила со еуро 5 категорија и 864 годишни ЦЕМТ-дозволи за еуро 6 возила, за кои во октомври аплицираа вкупно 448 превозници а околу една недела пред крајот на годината, македонските товарни превозници, популарните камионџии, ја завршија можеби клучната операција за обезбедување на најбитните и најпосакуваните документи, со кои ќе работат идната година транспортните дозволи за превозите во меѓународниот патен транспорт. Со оглед на тоа дека во овој сегмент егзистираат голем број патни транспортери во државава, кои во значителен дел реализираат, односно превезуваат стока од меѓународната трговија на Македонија, тој е особено значаен и затоа што тие излегувајќи на европскиот транспортен пазар најдиректно се соочуваат со своите конкуренти од странство, а за да се носат успешно со нив, покрај сопствената оперативна способност, возниот парк што го поседуваат, како и партнерската, сервисната и друга мрежа, токму обезбеденоста со овие транспортни документи им значи многу за на крајот на годината да речат дека добро и профитабилно работеле. Од тие причини, и неодамнешната распределба на транспортните дозволи, а особено на популарните ЦЕМТ-ови, кои обезбедуваат повеќекратни превози во текот на годината со една ваква дозвола, предизвикаа големо интересирање, но и вообичаено ја покачија температурата меѓу превозниците. Како всушност, мина оваа веќе традиционална административна операција, која по единаесетти пат се вршеше електронски и во делот на аплицирањето (во периодот од 13 до 15 октомври), но и во делот на нивната распределба по транспортните фирми (се финализираше на 22 декември). Од она што првично може да се каже по завршувањето на целата постапка на распределбата, а во недостиг на детални анализи (со оглед на тоа дека нејзиното завршување беше во текот на затворањето на овој број на нашето списание) сепак можеме да издвоиме неколку побитни карактеристики. Распределбата се реализираше во последниот месец од годинава, наместо како досега кон крајот на ноември, при што, како што информираа од Министерство за транспорт и врски, тоа уследи поради одржувањето на изборниот процес. Така, прелиминарната распределба беше објавена на 12 декември (ден по изборите), а од 13 до 20 декември течеше периодот за приговори преку електронскиот систем, за на 22 декември да биде објавена и конечната листа на распределени 1.534 ЦЕМТ- дозволи и резервацијата на 68.130 поединечни транспортни дозволи (универзални, за и од трети земји, билатерално-транзитни...) за 23 европски земји плус Иран, чија дистрибуција на превозниците беше најавена до крајот на годината. Притоа, согласно со одлуката од Работната група за патен транспорт при Конференцијата на министри за меѓународен превоз на стока, Македонија имаше на располагање 139 број 133 декември 2016 9

ТЕМА НА БРОЈОТ основни дозволи, со кои можеше да се врши распределбата на ЦЕМТ-дозволите за 2017 година. Ова значи, дека по стандардните математички операции за претворање на овие основни дозволи во сите други, за распределба за ЦЕМТ-дозволите за догодина, нашата земја имаше на располагање вкупно 1.534 годишни ЦЕМТ-дозволи, од кои 670 за возила со еуро 5 категорија (или 330 помалку во споредба со 2016 година) и 864 годишни ЦЕМТ-дозволи за еуро 6 возила (или 396 повеќе од лани), за кои во октомври аплицираа вкупно 448 превозници. Така беше пред почетокот на распределбата, а по неа? Нецелосните и неофицијални првични информации, добиени од членови на Комисијата за распределба на транспортните дозволи, велат дека од оние 448 што аплицирале, се испоставило дека 22 фирми немаат еуро 5 или еуро 6 возила или немаат ниту еден возач во работен однос, евидентиран во базата на превозници, која се води во Министерството за транспорт и врски, а три превозници немале наполнето ни една година од формирањето. Така, за распределбата на ЦЕМТ-дозволите биле прифатени 423 фирми, при што кај нив се бодирани 1.501 еуро 5 и 930 еуро 6 возила. Граничната вредност на бодовите од фир- ВКУПНО 326 ТРАНСПОРТЕРИ ДОБИЛЕ ЕДНА ИЛИ ПОВЕЌЕ ЦЕМТ-ДОЗВОЛИ, А ПОКРИЕНОСТА НА ВОЗНИОТ ПАРК КАЈ НИВ Е РАЗЛИЧНА И ЗАВИСИ ОД ОСТВАРЕНИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА РАСПРЕДЕЛБА 10 По масакрот со одземен камион во германската престолнина Македонските камионџии стражарат покрај своите возила! Македонските камионџии, кои превезуваат стока по европските патишта, по неодамнешниот терористички напад во Берлин самоиницијативно преземаат итни безбедносни мерки, како возење во колона со своите колеги, избегнување зафрлени паркинг-простори и организирање ноќни стражи покрај камионите. Мерките уследија веднаш по бруталниот напад од исламистичкиот џихадист, кој со украден 20-тонски камион (во кој возачот беше пронајден мртов на совозачкото седиште, со видливи тешки повреди по лицето и телото) прегази дванаесет луѓе на берлинскиот божиќен базар. Тоа ги натера транспортерите од цела Европа, па и македонските, да ги засилат безбедносните мерки, претпазливоста и внимателноста, кога станува збор за заштитата на возилата со кои управуваат и со кои располагаат при вршењето на дејноста. Ваквите индивидуални активности на возачите, како и вкупните безбедносни мерки, што ги воведуваат надлежните во Германија, во целата ЕУ, па и севкупно во Европа, како што пушувавме неодамна, се дел од најновата транспортна блокада за нашите превозници. Тие, како и постојаните ризици, (па дури и смртни закани и напади) на кои се изложени возачите, но и сопствениците на транспортните фирми, кои неретко се соочуваат со големи оштетувања на товарите и стоките што ги превезуваат нивните камиони, укажуваат на огромните ризици со кои се соочуваат учесниците во патниот транспорт денес. Најдиректно се насочени и кон возачите, и кон возилата, и кон стоките што тие ги превезуваат. Состојбата е ваква, алармантна, од почетокот на бегалската криза, која веќе две години е директна закана за патниот транспорт и во меѓународни, а во некои земји, кои се на бегалската рута (Македонија е меѓу нив) и во национални рамки. Сето ова, неизоставно ја наметнува потребата од максимална координација и соработка меѓу македонските камионџии, меѓу возачите, меѓу самите фирми, транспортните здруженија и меѓу сите нив и надлежните органи во државата, со цел да се заштитат материјалните добра, а пред сѐ животите на транспортните работници. ма за учество во распределбата, во старт изнесувала 42 бодови, а по овој критериум од распределбата отпаднале уште 53 фирми, кои имале помалку од овој квантум на бодови. Така, во барабанот за распределба останале да учествуваат 370 фирми, со просечна вредност на бодови по возило од 24 до 50,29 бодови. Во распределбата на грчките и на австриските ЦЕМТ-дозволи учествуваат фирми со просек од 42 и повеќе бодови, а за руските и италијанските ЦЕМТ-дозволи, фирми со просек од 39 и повеќе бодови. За обичните Е5-дозволи и за обичните унгарски Е6-дозволи нема гранична вредност за учество во распределбата. Во согласност со Уредбата за распределба на транспортните дозволи билансот кај дозволите за петките (за еуро 5 возилата) е следен: сите 45 грчки расположливи дозволи за годинава се задржани од 27 фирми (со максимум три дозволи од фирма), 48 австриски од 16 фирми (со максимум пет од фирма), 120 италијански од 54 фирми (со максимум четири од фирма), руски од сите 100 расположливи дозволи за годинава 45 се задржани од 21 фирма (со максимум по пет на фирма) и останатите 55 се распределени по една на фирма, а од обичните од сите 357 расположливи дозволи за 2017 година: 156 се задржани од 55 фирми (со максимум по шест дозволи на фирма) и останатите 201 се распределени по една на фирма. Кај шеските (за еуро 6 возила) распределбата е: 45 грчки (по првпат се делат) сите се дадени по една на исто толку фирми, 48 австриски, исто така по една на ист број фирми, од 240 италијански дозволи: 50 се задржани од 12 фирми (максимумот што го добиле некои е седум од фирма) и останатите 190 дозволи се распределени на 150 фирми (со максимум од три за некои фирми), од руските 72 дозволи: седум се задржани од четири фирми (со максимум две од фирма) и останатите 65 по една на фирма, од 327 обични 65 се задржани од 13 фирми (со максимум од девет дозволи од фирма) и останатите 262 на 131 фирма (по една до четири на фирма), а од сите 132 унгарски: Е6 дозволи 31 се задржани, а останатите 101 се распределени, при што распределбата на сите 132 дозволи е извршена на 41 фирма (со максимум кај некои од нив 12 од фирма). Информациите велат дека по компју-

ТЕМА НА БРОЈОТ терската распределба покриеноста на Е5 и Е6 возилата со ЦЕМТ-дозволи кај поедини фирми се движи од 6,25 % до 100 %, како и дека вкупно 326 транспортери добиле една и повеќе ЦЕМТ-дозволи. Тоа значи дека 44 превозници поради мал просек на бодови од возило или барање само на еден вид ЦЕМТ-дозвола, иако ги имале вкупните потребни бодови, сепак не добиле ниту една ваква дозвола. Притоа, покриеноста на возниот парк со ЦЕМТ-дозволи на овие 326 превозници е различна и зависи од вкупните остварени бодови, потоа од просекот на бодови од возило, па од бројот и структурата на возила пријавени за бодување, како и од задржаните ист вид ЦЕМТ-дозволи по принцип на ефикасно користење на дозволите. По распределбата, фирмите имаа можност да направат меѓусебна размена на распределените ЦЕМТ-дозволи во согласност со Министерството за транспорт и врски, при што на овој начин е извршена замена на 254 ЦЕМТ-ови од сите видови и променетата состојба е искажана во конечната распределба на ЦЕМТ-дозволите по фирми за 2017 година, што беше објавена на 22 декември на страницата на Министерството. Истовремено, беше извршена и резервација за фирмите на поединечните транспортни дозволи во зависност од расположливата квота на секој вид дозволи, потоа од покриеноста со ЦЕМТ-дозволи на возилата на фирмите, од бројот на правилно искористените поединечни дозволи во 2016 година, од ЕУРО-категоризацијата на возилата итн. Притоа, резервацијата од вид дозволи е направена најмногу до 50% од правилно искористените дозволи за 2016 година, од соодветниот вид. И од добиените податоци, но и од информациите што пристигнаа до нас од членови на Комисијата за распределба на транспортните дозволи е евидентно дека за подетална анализа е потребно повеќе време и согледување на прелиминарната распределба, па на конечната распределба, а и компарација со минатогодишната распределба за да се дојде до соодветни заклучоци. Мора да се напомене дека барањето на Комитетот за ЦЕМТ-дозволи при Конференцијата на министрите за транспорт, е да се стимулираат превозниците кои ги користат ЦЕМТ-дозволите за превози од и за трети земји, а не за билатерални повторувачки превози. Не треба да се заборави и фактот дека секоја земја и натаму има право да направи одредено ограничување во однос на бројот на доделени дозволи, па така Грција, Италија, Русија и Унгарија (овие земји се едни од најдобрите бизнис-партнери на Македонија) се тие кои секогаш имаат ограничување и не дозволуваат пристап на сите транспортери на нивната територија. Како и да е, од Министерството за транспорт и врски јасно укажаа дека распределбата и дистрибуцијата на транспортните дозволи ќе се реализира до крајот на Видови ЦЕМТ-дозволи за 2017 година Видови дозволи Е5 Е6 Австриски 48 48 Грчки 45 45 Руски 100 72 Италијански 120 240 Обични 357 327 Унгарски 0 132 Вкупно 670 864 ДОПРВА ЌЕ СЛЕДУВААТ АНАЛИЗИ НА ИЗВРШЕНАТА РАСПРЕДЕЛБА НА ЦЕМТ-ДОЗВОЛИТЕ ЗА ДОГОДИНА, А ОД НИВ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ НАСЕТИ И ЕФЕКТОТ ЗА ОНИЕ ШТО (НЕ) ГИ ДОБИЈА оваа година, а оттаму посочуваат и дека Министерството ги поддржува сите транспортни компании, кои вршат меѓународен превоз на стока и ги уверува дека не постои никаква пречка навремено да ги планираат и извршуваат своите деловни активности за тековната 2017 година. Во таборот на транспортите, веќе одамна се работи на подготовките за извршување на превозите на стоки во годината што е пред нас, а за кои им беа неопходни ЦЕМТ-овите, како и поединечните транспортни дозволи. Како прв и основен впечаток од штотуку завршената распределба на овие транспортни документи се наметнува тоа дека најголемата болка покриеноста на возниот парк за секој превозник е различна и зависи од остварувањето на сите услови согласно со пропишаните критериуми за распределбата. Притоа, транспортерите со поголем број возила може да имаат поголема покриеност на возниот парк само доколку имаат поголем број на задржани ЦЕМТ-дозволи од ефикасното користење на овој тип на дозволи. Токму ова беше причината голем број превозници свесно да не аплицираат со сите еуро 5 возила, однапред знаејќи дека има недостаток на ЦЕМТ-дозволи за нив. Ваквото нивно апстинирање беше причина наместо 2.740 возила со еуро 5 стандард, колку што се евидентирани во базата на Министерството за транспорт и врски, во системот на распределба да се бодуваат само половината. Ова е само една од првичните и навидум лесно забележливи поединости што можат да се воочат на прва, а сите други анализи (па и таа како понатаму превозниците да се вклучат и да учествуваат во оваа административна операција за добивање на овие најбарани и најпосакувани транспортни документи) едноставно сѐ уште се во тек. Ј.Б. број 133 декември 2016 11

АКТУЕЛНО И во декемвриските протести кај јужниот сосед МАКЕДОНСКИТЕ СТОКИ СЕ ПОВТОРНО ЗАГЛАВЕНИ НА ГРЧКИТЕ ПРИСТАНИШТА Протестите на пристанишните работници во Грција го отежнаа транспортот на стоки што се превезуваа со железница и со шлепери за и од Македонија Новиот штрајк на пристанишните работници во Грција на почетокот на декември повторно го отежна транспортот на стоки што се превезуваа со железница и со шлепери за и од Македонија. Информациите од македонските патни превозници и од МЖ укажуваат дека доколку продолжи ваквата динамика на протестите, не е исклучена и нова целосна блокада на стоката, која преку грчките пристаништа доаѓа во земјава или од Македонија се транспортира до други држави. Во првата недела од декември фериботите и товарните бродови стоеја блокирани во пристаништата во Грција поради продолжениот штрајк на пристанишните работници, активиран против барањето на кредиторите на земјата за зголемување на даночното оптоварување во поморскиот транспорт. Притоа, како што информираа и нашите патни превозници и МЖ, штрајкот направи најголеми проблеми со блокирањето на истоварот на стоки од бродовите. Поточно, според Никола Костов, директор на МЖ Транспорт, и покрај неработењето на пристанишните работници, товарните возови го превезуваа товарот што веќе беше истоварен од бродовите на пристаништето, но проблем беше стоката, која се наоѓаше на бродовите, а која токму тие денови беше предвидено да се транспортира. Во нашиот случај, стануваше збор за товари наменети за тешката индустрија во Македонија, најчесто суровини и репроматеријали за железарниците и за скопската цементарница. Инаку, освен блокадата на пристаништата во Грција, во почетокот на декември неколку часа беше блокиран и И нареднава година Општина Кочани ќе продолжи со субвенционирање на градскиот превоз Општина Кочани и во наредната 2017 година ќе продолжи со субвенционирањето на градскиот превоз на патници што се реализира веќе трета година. Ваква одлука донесоа членовите на Советот на Општина Кочани на последната седница одржана неодамна, а во анализата која е направена и годинава за оправданоста на градскиот автбуски превоз на Кочани стои дека во перидот од 1 јануари до 30 октомври годинава, оваа услуга ја користеле 7.159 патници. Притоа, кочанскиот автобуски превозник Авто атом наплатува билет по цена од 10 денари, а Општина Кочани за секој продаден билет на Авто атом му дотира уште 10 денари. Градскиот автобуски превоз во Кочани е воведен со одлука на Советот на општината од 22 април 2014 година, а го користат жителите од повеќе населени места, при што почнувајќи од 8 часот наутро, па сѐ од 18 часот навечер, градскиот автобуски превоз сообраќа на релација населба Оризари, место викано Бавчалук хотел Национал и обратно, со што е поврзан најголемиот дел од градот Кочани. граничниот премин Евзони, во чија близина грчките земјоделци поставија над 50 трактори, незадоволни од владините политики поради што имаше застој во сообраќајот помеѓу Македонија и Грција. Од протестите и од блокадите во Грција, македонскиот бизнис во неколку наврати и годинава трпеше огромни штети. Тие беа најголеми кај МЖ и кај камионџиите и корисниците на нивните услуги, при што, за потсетување, товарните возови не сообраќаа цели четири месеци (од март до летото) бидејќи мигранти ја имаа заземено пругата кај Идомени, на грчка страна. Потоа проблемите продолжија со неработењето на Солунското пристаниште и со штрајкот на вработените од Грчката железница. Според проценките на МЖ Транспорт, во овој период, претпријатието претрпело штета од пет милиони евра, а таа се зголемува и со загубите кај македонските патни превозници. Бар сака да им конкурира на грчките пристаништа Ј.С.Б. Владата на Црна Гора на крајот на годинава го реализира тендерот за приватизација на Пристаништето Бар, со кој настојува оваа компанија да ја направи конкурентна во однос на грчките пристаништа во Солун и Пиреја, но и на другите во регионот, како: Копар, Ријека и Драч. Станува збор за пристаништа со сличен капацитет, а посебно се споредливи капацитетите на пристаништата Копар и Солун, со таа разлика што црногорското пристаниште ги губи работите, а соседните го шират обемот на транспорт и претовар. Инаку, предмет на продажба се 30 проценти од акционерскиот капитaл на пристаништето Бар што е во сопственост на Владата на Црна Гора. Новите сопственици на дел од пристаништето ќе имаат обврска да достават и инвестициска програма, а понудувачите имаат право да формираат и конзорциум. 12

ИНТЕРВЈУ ЕМИЛ МИЛЕВ Управител на СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ НАШАТА УЛОГА, НО И ЦЕЛ Е ДА ГО ОЛЕСНУВАМЕ РАБОТЕЊЕТО НА ТРАНСПОРТЕРИТЕ Со ставањето во функција на новиот деловен комплекс во Момин Поток, СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, која егзистира на македонскиот и на меѓународниот транспортен пазар веќе 63 години, го продолжува својот силен развоен пат и уште еднаш направи голем исчекор да биде поблиску и со поголема достапност до патните превозници во Република Македонија, корисници на нејзините услуги»» Господин Милев, СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, најстарата транспортна асоцијација во нашата земја, неодамна оствари еден од најголемите деловни успеси во својата долгогодишна историја на постоење и дејствување на домашниот и на меѓународниот транспортен пазар отвори нов објект, во кој покрај постојните ќе овозможи и низа нови услуги. Како ќе функционира овој нов објект, кој е значајна придобивка и за членките на АМЕРИТ, а во чии рамки имате посебна, нова организациона единица и кои се услугите што овде ќе им ги понудите на македонските патни транспортери? На 23 ноември оваа година, АМЕРИТ свечено ги отвори вратите на новиот повеќенаменски деловен комплекс во скопската населба Момин Поток. Овој објект е резултат на долгогодишното вредно работење на асоцијацијата и е важен чекор во развојот на АМЕРИТ, како сервис за транспортерите. Следејќи ги трендовите на пазарот и промената на флотите на транспортерите, сакавме да придонесеме, да го олесниме нивното секојдневно работење и тие на едно место да можат да добијат целосна услуга. Во склоп на овој објект е новата и модерна станица за технички преглед, МОТО АМЕРИТ, каде што граѓаните сопственици на возила, а и деловните субјекти, односно фирми, организации и институции ќе можат да вршат технички преглед на сите типови возила, како и хомологација на возилата. Исто така, тука ќе се врши и одобрување на: преправени и поправени возила, но и на возила што вршат превоз на опасни материи, како и испитување на цистерни, (што исто така превезуваат опасни материи), одобрување за ЦЕМТ, одобрување на возила што вршат превоз на расипливи стоки АТП, а и калибрација на аналогни и дигитални тахографи. Секако, сите досегашни услуги што ги нуди АМЕРИТ може да се користат на новата адреса на асоцијацијата, и тоа: издавање на сите типови ТИР-карнети, потоа на ДКВ-картички, тахографски картички, поврат на ДДВ, користење осигурителни услуги, како и букирање на траект, воз, премин низ тунел, а во новиот модерен меѓународно акредитиран Центар за обука на АМЕРИТ, ќе се врши и доостручување на менаџери и возачи, со цел стекнување на сертификати за професионална компетентност, кои се неопходни во меѓународниот патен транспорт. Просториите на АМЕРИТ во Центар, спроти Соборниот храм Св. Климент Охридски остануваат отворени за издавање на ТИР-карнети, поврат на ДДВ и другите услуги, кои ги нуди асоцијацијата. Со ставањето во функција на новиот деловен комплекс, СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, која егзистира на македонскиот и на меѓународниот транспортен пазар 63 години, го продолжува својот силен развоен пат и уште еднаш направи голем исчекор да биде поблиску и со поголема достапност до број 133 декември 2016 13

ИНТЕРВЈУ И ВО НАРЕДНАТА ГОДИНА ОЧЕКУВАМЕ ГОЛЕМА ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ И ИСКОРИСТЕНОСТ НА ТИР- ОТ И НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ ЗА ТИР, НО И НА ДРУГИТЕ УСЛУГИ И СЕГМЕНТИ ВО АМЕРИТ 14 теоретската настава да добијат и практични часови на симулатор. Овој тип на обука е единствен во нашата земја, а е земен пример од најдобрите европски центри за обука. Вид најава се и идните акредитации за нови обуки, како и блиската соработка со Министерството за транспорт и врски за имплементирање на одредбите од ЦЕМТ-Повелбата за квалитет. Овде издвоив само три наши организациони целини, меѓутоа, во сите сектори имаме постојани и нови цели и активности, кои ќе бидат големо транспортно олеснување за македонските патни превозници. Крајната и највисока цел ни е да овозможиме поуспешно и поекономично работење што е особено значајно земајќи ја предвид состојбата во меѓународниот патен сообраќај, кој е обременет со низа разни транспортни ограничувања и проблеми. Во таа насока, еве да најавам, наскоро ќе воведеме и повикувачки број на АМЕРИТ на кој, асоцијацијата со сите свои стручни служби ќе им биде на располагање 24 часа на ден не само на своите членки туку и на сите транспортери, и тоа со сите расположливи информации и услуги што им се неопходни во врска со нивното патување и во текот на вршењето на патниот транспорт. Бројот е во последната фаза на т.н. пуштање во сообраќај, по чие завршување ќе го промовираме во јавноста, заедно со листата на информации и услуги што ќе можат да се добијат со неговото повикување.»» Деновиве беше извршена распределбата на транспортните дозволи за наредната година, меѓу нив и на најзначајните ЦЕМТ-дозволи. Какви се првичните оценки меѓу членките на АМЕРИТ од оваа административна операција со можеби најбараните и најпосакуваните транспортни документи и дали добиенипатните превозници во Република Македонија, корисници на нејзините услуги.»» Вообичаено, во овој период на годината СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, која е една од носечките организации во сферата на патниот транспорт во Република Македонија ја носи и својата програма со планските приоритети и активности за наредната година. Можете ли да ни посочите кои се најзначајните цели и активности, на кои асоцијацијата ќе го сконцентрира своето работење во 2017 година? СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, како гарантна асоцијација за ТИР на територијата на Република Македонија и овластен издавач на ТИР-карнети, во средината на 2016 година донесе план за зголемување на бенефициите за корисниците на ТИР-карнети, кој ќе се одвива во три фази. Со првата фаза, која ја реализиравме, веќе се намалени цените на ТИР-карнетите од 9 до 32 проценти, а нивната важност е зголемена од 60 на 75 дена. Во соработка со Царинската управа, наскоро очекуваме и повисока гаранција од 60.000 на 100.000 евра од карнет, како и имплементација на ТИР ЕПД и негово интегрирање во НЦТС- системот. И во програмата за наредната година, акцентот ќе се стави на ТИР- системот, и тоа на компјутеризацијата на ТИР и користењето на ТИР ЕПД- апликацијата. Ние овозможивме дополнителни бенефиции за сите ТИР- корисници, кои ќе испратат ТИР ЕПД, со што ќе ги намалат трошоците кај шпедитерите, а ќе добијат поврат на средства од АМЕРИТ, со вратениот ТИР- карнет. И во наредната година очекуваме голема заинтересираност и искористеност на електронските алатки за ТИР. Во новата станица за технички преглед, МОТО АМЕРИТ освен услугите за технички преглед и одобрување на различни типови на возила, кои се исто така нови услуги на кои ќе се стави акцент, ќе се врши калибрација на дигиталните тахографи и симнување, снимање и чување на податоците од картичките. Повторно, на едно место, превозниците, но и другите корисници на услуги ќе можат да извадат тахографска картичка, да ги калибрираат уредите и да ги симнуваат податоците од картичките, согласно со уредбите од Законот за работно време на мобилните работници. Акредитираниот центар за обука, кој е наш мошне важен сегмент, ќе добие нов и модерен симулатор, каде што кандидатите за професионални возачи во меѓународниот транспорт ќе имаат можност освен от квантум на дозволи ќе обезбеди нормално функционирање на македонскиот патен транспорт во делот на превозот на стоки на меѓународниот пазар? Бидејќи сме во очекување на објавување на финалната листа на годинешната распределба на ЦЕМТ-дозволите, можам да дадам коментар само за прелиминарната распределба. Годинава се распределуваа вкупно 1.534 годишни ЦЕМТ-дозволи, од кои 670 за возила еуро 5 и 864 за возила со стандард еуро 6. Споредено со минатата година, имаме помал процент на наследеност, што се должи на австриските и на грчките ЦЕМТ-дозволи за еуро 5 возилата, кои годинава за првпат се распределуваат и за еуро 6, односно голем дел од превозниците очекуваа да ги задржат своите А5 и Г5 дозволи, но тоа не се случи. АМЕРИТ активно учествуваше во работата на Комисијата за распределба на транспортните дозволи при Министерството за транспорт и врски, која направи значителни напори и проверки на сите апликанти, со цел праведна, рамномерна и транспарентна распределба на овие најбарани дозволи. За да не дозволиме превозниците да ги префрлаат своите бизниси во соседните земји, со регистрирање на фирми и пренасочување на финансиското работење, ќе продолжиме блиска соработка со Министерството за транспорт и врски за ажурирање на критериумите и системот за распределба, со воведување на новини предложени од самите транспортери. Земајќи ги предвид аспирациите на Македонија да стане членка на ЕУ, мора да се размислува за создавање на соодветен систем за потребите на македонските транспортери за стимулирање на секторот за патен транспорт.»» Во последно време транспортерите се соочија и со низа новини во функциони-

ИНТЕРВЈУ рањето на ТИР-системот, кој е токму во средиштето на работењето и функционирањето на АМЕРИТ. Што е она новото во овој значаен транспортен сегмент, на кое македонските патни транспортери треба да обрнат најголемо внимание и на кое АМЕРИТ ќе посвети најголем дел од своите активности? ТИР-от сè уште е единствен глобален, едноставен и сигурен транзитен систем, со кој на лесен и безбеден начин се врши транспорт на стоки преку меѓународните граници, заштедувајќи време и пари за превозниците и царинските органи. Со користењето на ТИР-карнетите, значително се намалуваат административните и финансиските трошоци со една меѓународна гаранција за транспортниот оператор, наместо скапи гаранции во секоја земја на транзит. Царинските органи, исто така, бенефицираат од меѓународната гаранција, покривајќи го ризикот од неплаќање на царинските давачки и такси. Со постојаната експанзија на ТИР, превозниците можат да бенефицираат од користењето на овој транзитен систем низ многу земји во светот. Последна земја, која се приклучи во ТИР-системот е Народна република Кина, која ќе ја имплементира ТИР-Конвенцијата од 5 јануари 2017 година. Досега, ТИР-Конвенцијата има вкупно 70 договорни страни, а многу земји во Азија, на Средниот Исток, во Африка и во Јужна Америка го покажаа својот интерес и работат на приклучување кон системот. Со пристапувањето на Македонија кон Конвенцијата за заеднички транзит, ТИР- системот доби сериозен конкурент што е евидентно и во анализите на ТИРодделението на АМЕРИТ. Сепак, бенефициите, кои ги нуди ТИР-системот и новите стимулации, кои ги овозможуваме за испратени ТИР ЕПД-пораки, зачувување на доверливоста на комерцијалните податоци на транспортерите, можноста за збирни пратки, мултимодалност и многу други бенефиции се она што ТИР го прави глобален и сеопфатен систем, заради што и корисниците го преферираат при планирањето на своите рути.»» Во последниве години, СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ негува и одржува непосредна и интензивна соработка со надлежните државни органи, а пред сè со Министерството за транспорт и врски и Царината, но и со разните транспортни и слични организации и асоцијации во земјава. Кои се досегашните ефекти од ваквата соработка за патните превозници во Македонија? Можеме ли да очекуваме нејзино унапредување во следниот период и имате ли можеби некои нереализирани барања и предлози што другата страна треба да ги реши и реализира во периодот што следува? Јавно приватните партнерства се неминовни за успешен економски раст во една држава. Соработката со надлежните институции во Македонија ја оценувам на високо ниво. АМЕРИТ како асоцијација на транспортните фирми, членка на Меѓународната унија за патен транспорт ИРУ активно ги следи актуелностите во транспортот и се обидува преку иницијативи да бидат разгледани од надлежните институции во нашата земја. Една таква актуелна иницијатива е воведувањето на е-цмр, односно НАСКОРО ЌЕ ВОВЕДЕМЕ И ПОВИКУВАЧКИ БРОЈ НА АМЕРИТ НА КОЈ, АСОЦИЈАЦИЈАТА СО СИТЕ СВОИ СТРУЧНИ СЛУЖБИ ЌЕ ИМ БИДЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ 24 ЧАСА НА ДЕН НЕ САМО НА СВОИТЕ ЧЛЕНКИ ТУКУ И НА СИТЕ ТРАНСПОРТЕРИ, И ТОА СО СИТЕ РАСПОЛОЖЛИВИ ИНФОРМАЦИИ И УСЛУГИ ШТО ИМ СЕ НЕОПХОДНИ ВО ВРСКА СО НИВНОТО ПАТУВАЊЕ И ВО ТЕКОТ НА ВРШЕЊЕТО НА ПАТНИОТ ТРАНСПОРТ потпишувањето на дополнителниот протокол кон ЦМР- конвенцијата, иницијатива, која беше разгледана и од Министерството за надворешни работи и со препорака е испратена до Министерството за транспорт и врски за разгледување и за натамошно постапување. Со свој член, АМЕРИТ учествува во работата на мешовитите билатерални комисии на Министерството за транспорт и врски, каде што меѓу другото, се договараат и квотите на дозволи што се разменуваат помеѓу две земји и каде од наша страна постојано се инсистира на либерализација на транспортот. Како претставници на транспортниот сектор, со учество во Советодавното тело на Царинската управа, имаме можност да ги презентираме и проблемите, со кои се соочуваат транспортерите и да побараме заедничко решение со Царината, но и со претставниците на другите сектори, кои членуваат во ова тело.»» И во годинава што измина, АМЕРИТ, се чини како никогаш досега реализира интензивна и многу ангажирана меѓународна активност на заедницата како регионално, така и во рамките на органите и телата на Меѓународната унија за патен транспорт (ИРУ), најголемата транспортна асоцијација во светот, чија членка е АМЕРИТ. Што треба да очекуваме на овој план во периодот што следува, односно во следната година? СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, како членка на Меѓународната организација за патен транспорт ИРУ, од 1993 година, учествува во работата на сите комисии на оваа меѓународна организација и има директен увид во актуелностите и проблемите поврзани со патниот транспорт, а кои најчесто се тема на мешовитите комисии. Партнери сме во SEED-проектот, кој е финансиран од Европската комисија, а е наменет за професионалната квалификација, каде што заедно со другите партнери ги усогласуваме програмите за обука, кои се потесно поврзани со ЕКМТ-Повелбата за квалитет на патниот транспорт во Европа, која стапи во сила во почетокот на 2016 година. Активно учествуваме и во BSEC URTA Union of Road Transport Associations in the Black Sea Economic Cooperation Region и во BTF Balkan Transport Forum, признаени меѓународни платформи, на кои ја зајакнуваме регионалната соработка со транспорт- број 133 декември 2016 15

ИНТЕРВЈУ АКТУЕЛНО И најмалата грешка ги креира најопасните зимски сценарија и може да предизвика незгода со катастрофални последици 16 НЕГУВАМЕ ШИРОКА И ПЛОДОТВОРНА СОРАБОТКА СО НАДЛЕЖНИТЕ ДРЖАВНИ ОРГАНИ ВО МАКЕДОНИЈА, НО СМЕ АКТИВНИ И ВО ТЕЛАТА И ВО ОРГАНИТЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА УНИЈА ЗА ПАТЕН ТРАНСПОРТ ИРУ, КАКО И ВО НЕКОИ ДРУГИ ВО РЕГИОНОТ ните и со другите сродни асоцијации и институции од другите земји. Претставници од АМЕРИТ и од Царинската управа учествуваат на највисоките органи за ТИР при Обединетите нации, а од минатата година, АМЕРИТ има свој претставник и во Комитетот за акредитација во IRU Academy, кој е претставник за земјите од Југоисточна Европа. За своето членство, учество и активности на овие меѓународни здружувања, АМЕРИТ редовно ги информира транспортерите, меѓу другото и преку месечникот Транспорт и логистика.»» Државата и нејзините надлежни органи во последниве години преземаат огромна инвестициска активност особено во делот на транспортната инфраструктура. Како ги оценувате и овие инвестиции во АМЕРИТ и најавите за изградба на нова крајпатна инфраструктура, а во тој контекст и модернизацијата на станичните објекти за потребите на автобускиот превоз на патници? Во годината што измина, Владата ги реализираше поставените планови за изградба и реконструкција на автопатите, магистралните, регионалните и локалните патишта. Инвестициите во патната инфраструктура се поттик за економски раст во државата. Со завршувањето на работите на трасата на транспортниот Коридор 10, очекуваме поголем обем на транзит низ нашата земја, но и побрз и побезбеден сообраќај. Ваквите инвестиции се за поздравување, бидејќи долго време инфраструктурата и транспортот беа на маргините на приоритетите во земјава. Што се однесува на крајпат- ната инфраструктура, овде сè уште не можеме да се пофалиме дека имаме модерни објекти, како за потребите на автобускиот превоз, така и за товарниот превоз. Поволната положба, овозможува многубројни контакти преку кои територијата на земјата може да стане интензивен сообраќаен јазол. Позитивен е фактот што соседните земји и покрај најразличните економски потенцијали, својата стопанска размена ја вршат преку Република Македонија, која иако остварува определени приходи од транзитните услуги, сепак не е доволна за еден одржлив развој во логистичкиот сектор.»» Со оглед на тоа дека веќе ја испраќаме старата година, а 2017 година е на прагот, што би им порачале и воедно што би им пожелале на македонските транспортери за годината што е пред нас? Пред сè и над сè, и на македонските патни транспортери и на сите граѓани на Република Македонија, на партнерите, соработниците и секако на вработените во СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, им пожелувам мирна и весела година, со многу здравје, радост и просперитет, година во која ќе им се остварат сите желби и планови. Ова особено се однесува на транспортерите, зашто, познато е дека без добро, сеопфатно и детално планирање и организирање на транспортното работење нема ни добри, ни успешни, ни профитабилни транспорти. Во АМЕРИТ сите се добредојдени! Ние сме таму кај што сте вие! НЕКА НИ Е СРЕЌНА И БЕРИЌЕТНА 2017 ГОДИНА! Ј.Б. Управувањето моторно возило во зимски услови, по снежни, влажни и замрзнати патишта, претставува опасност за возачите и бара поголемо внимание и претпазливост зашто и најмалата грешка ги креира најопасните зимски сценарија и може да предизвика незгода со катастрофални последици. Поради тоа, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата направи листа на грешки што ги прават возачите при возење во зима и совети кои треба да се применат за да се стане безбеден и одговорен возач. dzdz Пребрзо возење (неприспособување на брзината кон условите на патот) Штом ќе наидете на влажен коловоз и на намалена видливост веднаш намалете ја брзината, зашто во лоши временски услови, потребно е четири до десет пати подолго време за запирање. И не заборавајте: забрзувањето и забавувањето на возилото во зима треба да го правите полека и внимателно! dzdz Не оставате доволно простор Оставајте доволно простор помеѓу возилата, особено доколку пред вас има камион. Никогаш не се обидувајте да го поминете од неговата десна страна на камионите им треба многу поголем простор да запрат и имаат голема слепа точка на десната страна. dzdz Држете безбедно растојание При возење во зимски услови, се препорачува оддалеченоста помеѓу возилата да се зголеми за трипати за да се осигура минимален пат на запирање од осум секунди, односно доколку возите со брзина од 20 км/ч, одалеченоста од возилото пред вас мора да биде четири должини на возилото, односно дванаесет должини доколку возите со 50 км/ч. dzdz Гледате на погрешно место Секогаш бидете фокусирани на патот, на вашето возило и на случувањата во сообраќајот. Можноста правилно да реагирате на евентуален проблем на патот или во сообраќајот зависи од вашата фокусираност, будност и концентрација. dzdz Дозволувате погонот на четири тркала да ви ја зголеми самодовербата Вистина е дека возилата со погон на четири тркала се побезбедни и имаат подобри перформанси во услови на снег, дожд или мраз затоа што тие дополнителни вртежи можат да ви помогнат да забрзате побрзо и да се извлечете од заглавување. Но, тоа не ви дава право за побрзо возење бидејќи поголемиот дел од влечењето при лизгање доаѓа од интеракцијата помеѓу гумите и патот и не е поврзано со вртежите на вашите гуми во моментот. Затоа, подобро е

АКТУЕЛНО При возење во зима ЛИСТА НА НАЈГОЛЕМИ ГРЕШКИ ШТО ВОЗАЧОТ ТРЕБА ДА ГИ КОРИГИРА да се намали брзината, да се вози побавно и да се инвестира во нови зимски гуми. dzdz Премногу сте под стрес Паниката при возењето прави само полошо. Опуштете ги вашите раце за маневрирање, сопирајте полека, фокусирајте го погледот на патот каде што сакате да се движите и бидете нежни со возилото. dzdz Изведувате повеќе маневри во исто време Не изведувајте повеќе маневри во исто време. Прво забавете нежно и полека, а потоа завртете го воланот во насоката која ви е потребна, а на крајот, полека забрзајте. Потсетување: комбинацијата од ненадејно сопирање и маневрирање со воланот е еднаква на лизгање. dzdz Не сте подготвени за тоа што реално може да се случи Многупати сите сме изненадени од првиот снег и од условите на патот. Ако завршите заглавени, возилото е најдобро место за останување во него. Додека стигне помош (196), стартувајте го моторот по десетина минути на секој час за да ви биде топло (проветрувајте поради издувните гасови) и искористе го она што ви е потребно од сетот за итни ситуации: екстра-топла облека, ќебе, свеќа за безбедност, флаширана вода, комплет за прва помош, лопата, хартиени крпи, синџири, кабли итн. Секогаш имајте полна батерија на телефонот пред да излезете од дома и подгответе се психички, па подгответе го возилото и патувајте безбедно со вашите најблиски сѐ до вашата крајна дестинација. Овој едукативен текст е во рамките на зимската кампања, што РСБСП ја реализираше со поддршка од Мотоцентар. Лоши навики и погрешни одлуки што го прават зимското возење опасно и небезбедно За да бидат безбедни учесници во сообраќајот возачите треба да ги отстранат лошите навики и погрешните одлуки при зимското возење. За таа цел РСБСП препорачува: Не импровизирајте со гумите Комбинацијата од зимски и од летни гуми го прави процесот на запирање на возилото неправилен и го искривува сопирачкиот пат на возилото што во практиката значи пролизгување на возилото надвор од коловозот или преминување на дел од возилото во спротивната коловозна лента со краен исход сообраќајна незгода. Не им верувајте слепо на напредните технологии Како возач важно е да знаете дека ефектите од функционирањето на автоматските системи против пролизгување, кои се вградени во сите понови автомобили, соодветно дооаѓаат до израз при брзина на движење не поголема од 90 km/h и во ситуација кога користите зимски гуми на сите четири тркала. Полесниот начин не е и побезбеден Користењето на уреди за автоматска контола на брзината или таканаречени темпомати во зимски услови на патиштата е крајно опасно и небезбедно. Имено, доколку возилото навлезе во подлабок снег, тркалата на возилото ќе продолжат брзо да се вртат, со тенденција на задржување на константната брзина на движење на возилото, а ако дојде до таква ситуација тогаш веројатноста да дојде до губење на контролата над возилото и до негово пролизгување е многу голема. Проверувајте го притисокот во гумите РСБСП апелира до возачите: Проверувајте го притисокот во гумите и редовно чистете го просторот околу тркалата, особено ако сте патувале на пат каде што има остатоци од влажен снег. Внимавајте на мразот Многу возила се опремени со надворешни термометри, коишто го информираат возачот за можност да се формира мраз на патот. Познато е дека први замрзнуваат мостовите, па патиштата, но мраз ќе се формира и на гумите од возилото по возење на пат покриен со снег. Ако површината на патот сјае или има сатенски изглед и ако не летаат снежни прашинки од предните гуми на возилото тогаш може да се очекува мраз или подмрзнати површини. РСБСП апелира до возачите секогаш да го планираат своето патување, да ја проверуваат техничката исправност на возилото, да ги следат временските прогнози, да ја проверуваат рутата на движење и состојбата на патиштата пред да го започнат своето патување. Возете внимателно и безбедно и секогаш имајте на ум дека ако вие умеете да возите во отежнати зимски услови, магла, снег и мраз, некој друг можеби не може! Оние кои патуваат во планина или на осамени и далечни дестинации да ги известуваат своите блиски за дестинацијата којашто ја одбрале, за времето на поаѓање и за планираното време на пристигнување. број 133 декември 2016 17

СВЕТ Од неколку ЕУ членки НАЈАВИ ЗА ТУЖБИ ПРОТИВ ГЕРМАНИЈА ПОРАДИ ПАТАРИНИТЕ ЗА СТРАНЦИ Вакви најави доаѓаат од Австрија, Холандија, Белгија и Данска, а поддршка даваат и други соседи на Германија Австрија и Холандија, а најверојатно и Белгија и Данска ќе преземат законски дејствија против планираното воведување на патарина за автопатиштата во Германија. Ваквите најави што индиректно ги поддржуваат и некои други соседи на Германија, следуваа по компромисот постигнат помеѓу германскиот министер за транспорт Александар Добринт и европскиот комесар за транспорт Виолета Булц, по изменувањето на планот од германска страна за воведување на патарината што го прифати и ЕК. И покрај тоа, како и ретерирањето дека возачите од ЕУ нема да бидат третирани во Германија како странци, се смета дека со тоа германскиот план за воведување на новата патна давачка е малку подобро замаскиран, но дека не се отстранети грижите дека ќе постои дискриминација на возачите. Поради тоа, министерката за сообраќај на Холандија, Мелани Шулц ван Хеген, плановите за патарината во Германија ги нарече загрижувачки. Оваа загриженост може да се отстрани само ако патарината не биде воведена рече таа, откако ЕК претходно, по долгогодишниот спор, даде зелено светло за променет модел на патарина за возилата во Германија. Според компромисот постигнат помеѓу Добринт и Булц, сопствениците на особено чисти возила во Германија може да се надеваат на даночни олеснувања од дополнителни 100 милиони евра годишно. Со тоа ЕК би ја ставила под мраз постапката за повреда на европското право против Германија, која е во тек. Истовремено, Добринт излезе во пресрет на главните барања на ЕК: вињетите за странците кои планираат кус престој да имаат поголемо ценовно степенување. Така, наместо три различни категории, како што беше првично планирано, би требало да има пет категории, во зависност од зафатнината на возилото, односно од издувните гасови кои ги испушта. Цената на вињета за десет дена, според плановите, би требало да почнува од 2,50 евра. За големи постари возила, за десет дена би се плаќале 20 евра. Вињетата за два месеци, според предлогот, би се движела од 7 до 40 евра. Добринт го заштити планот пред европарламентот, истакнувајќи дека само оние кои ги користат автопатиштата, ќе мора да плаќаат. Тој додаде дека се очекува приходите во буџетот од патарините да бидат 500 милиони евра годишно. Ј.С.Б. [ ЈАНУАРИ ] ВОЗАЧИ Вторник, 03.01.2017 ПОЛАГАЊЕ Среда, 04.01.2017 Четврток 05.01.2017 ОБУКА Вторник, 10.01.2017 [ 10 ч. ] ПОЛАГАЊЕ Вторник, 17.01.2017 Среда 18.01.2017 УПРАВИТЕЛИ ПОЛАГАЊЕ Среда, 04.01.2017 ОБУКА Среда, 11.01.2017 [ 10 ч. ] ПОЛАГАЊЕ Среда, 18.01.2017 АДР ОБУКА Среда, 18.01.2017 [ 9 ч. ] ПОЛАГАЊЕ Среда, 25.01.2017 АДР СОВЕТНИЦИ ОБУКА Среда, 18.01.2017 [ 9 ч. ] ПОЛАГАЊЕ Среда, 25.01.2017 ЦЕНТАР ЗА ОБУКА СЕРТИФИКАТИ МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И АКРЕДИТАЦИИ ЦЕНТАР ЗА ОБУКА тел. 02/ 32 98 967 лок.130 e-mail: obuka@amerit.org.mk